More

    Папата Франциск: Сексот е „една од најубавите работи што Бог му ги дал на човекот“

    spot_img

    Папата Франциск изјави дека сексот е „една од најубавите работи што Бог му ги дал на човекот“ во нова документарна програма наменета за стрим-платформите.

    Поглаварот на Римокатоличката црква говори за тоа во документарецот „Папата одговара“ (The Pope: Answers), снимен на негова средба со млади луѓе во Рим. Тие му поставуваа прашања на различни теми, како што се правата на ЛГБТ-заедницата, абортусот, порноиндустријата, сексот, верата и сексуалната злоупотреба во Католичката црква.

    – Сексот е една од најубавите работи што Бог му ги дал на човекот. Сексуалното изразување е богатство. Сè што ве спречува од вистинското сексуално изразување, ве ограничува и го намалува ова богатство – советува папата, имајќи ја предвид и мастурбацијата.

    Потоа го прашаа и дали знае што е „небинарна личност“, а тој вели – да. Папата повтори дека луѓето од ЛГБТ-заедницата мора да бидат срдечно прифатени од Католичката црква.

    – Сите луѓе се Божји деца. Сите луѓе. Бог никого не отфрла. Бог е Таткото. И јас немам право никого да избркам од црквата – нагласи поглаварот.

    На темата абортус, папата Франциск вели дека свештениците треба да бидат милосрдни кон жените кои ја прекинале бременоста, но и дека оваа практика останува неприфатлива.

    – Добро е работите да се нарекуваат со нивното вистинско име. Едно е да се биде крај личноста која доживеала абортус, а сосем друго е да се оправда оваа постапка – вели тој.

    Забелешките на папата ги објави официјалниот весник на Ватикан, „Обсерваторе Романо” (Observatore Romano), опишувајќи ги  како „отворен и искрен“ разговор со младите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img