More

    Папата Франциск повика да се почитува меѓународното хуманитарно право

    spot_img

    Папата Франциск денеска повика да се прекинат нападите врз цивили во светските конфликти, вклучително и конфликтите во Газа и Украина, и посочи дека нападите врз цивили се воени злосторства.

    – Современите војни веќе не се водат само на боиштата, ниту се однесуваат само на војниците. Не смееме да заборавиме дека сериозните прекршувања на меѓународното хуманитарно право се воени злосторства и дека не е доволно да се идентификуваат, туку е неопходно и да се спречат – изјави поглаварот на Римокатоличката црква за време на новогодишната аудиенција на членовите на дипломатскиот кор акредитиран во Светата столица.

    Папата рече дека настаните во Украина и Газа се јасен доказ за сериозно кршење на меѓународното хуманитарно право.

    – Дури и кога станува збор за остварување на правото на самоодбрана, неопходно е да се придржуваме до пропорционална употреба на сила – рече папата Франциск.

    Тој го повтори својот повик за прекин на огнот во Газа и ослободување на заложниците кои ги држеше палестинската милитантна група Хамас.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img