More

    Папата бара мерки за да не се повтори сексуалната злоупотреба на малолетници од католички свештеници

    spot_img

    Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, кој престојува во тридневна посета на Белгија, претпладневно ненајавено ја посети црквата „Сен Жил“ во истоимената бриселска општина, каде имаше получасовна средба со група бездомници и претставници на локално здружение кое им помага и им обезбедува храна и други основни потреби.

    Вчера папата се сретна со кралот Филип и кралицата Матилда во белгиската Кралска палата во Лакен, при што во обраќање до нацијата ја осуди долгогодишната појава на сексуална злоупотреба на малолетници од страна на свештеници на Католичката црквата.

    Понтифот нагласи дека Црквата „мора да се засрами и да побара прошка“ за сексуалното насилство извршено од страна на свештеници.

    – Црквата мора да се засрами и да бара прошка и да бара начини да се реши оваа ситуација со христијанска сомилост и да направи сè што е можно таа да не се повтори – порача папата.

    Тој додаде и дека е „тажен поради трагедијата“ на присилните одземања на деца од нивните мајки во Белгија и давање на посвојување во периодот од 50-те до 70-те години на минатиот век, во кои биле вклучени и калуѓерки на Католичката црква.

    Кралот Филип, исто така, повика на осуда на појавата на сексуални злоупотреби од припадници на Црквата.

    – На децата им беше нанесено страшно страдање, кое тие ќе го носат во себе до крајот на животот – рече белгискиот монарх, поздравувајќи ги при тоа напорите на Католичката црква за расветлување на овие случаи.

    Апелирајќи за „решително и бескомпромисно“ продолжување на ваквите напори, кралот Филип потенцираше дека папата ја осудил „ужасната трагедија“ на сексуална злоупотреба во Црквата и дека презел чекори за борба против овие „гнасни акти“.

    Посетата на поглаварот на Католичката црква на Белгија е на покана на Универзитетот во Лувен, по повод 600-годишнината од неговото основање. Предвидено е за време на престојот во Белгија, папата да одржи повеќе состаноци, да присуствува на различни свечености и да ги посети Брисел, Лувен, Кекелберг и Лувен-ла-Нев. Главен настан на неговата посета е утрешната миса на бриселскиот стадион „Крал Бодуен“ во комплексот Хејсел, на која се очекува присуство на околу 35.000 лица.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img