Познатата манекенка Кејт Мос синоќа организирала забава во престижен клуб во Лондон. Супермоделот облече повеќе од ризичен фустан, а по излегувањето од клубот ги покажа градите.
Кејт Мос е позната по својот стил, а синоќешната тоалета била целосно проѕирна и со длабоко деколте, под која не носела градник. Благодарение на тоа, папараците ја фотографирале манекенката во топлес издание.
Дека се работи за повеќе од ризично модно издание, стана јасно штом Кејт Мос се појави синоќа во Лондон.
Дали намерно го предизвикала шокот или се се случило поради непредвидени околности, останува да видиме.
Со оглед на нејзиното бурно минато, фотографиите ќе ги поттикнат приказните дека за ова се виновни старите навики.
ФОТО: Инстаграм