Пановски: Скандалот на Онкологија нанесе голема штета на македонското здравство, граѓаните ја загубија довербата, која може да се поврати само ако целосно се расветли случајот и има одговорност

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Скандалот на Онкологија нанесе голема штета на македонското здравство, граѓаните ја загубија довербата, која може да се поврати само ако целосно се расветли случајот и има одговорност – рече во гостување на Канал 5 врвниот микробиолог др. Никола Пановски.

– МВР и ОЈО требаше порано да влезат на онкологија бидејќи подолг период има информации за злоупотреби за кои известуваа и дел од медиумите. Има елементи кои укажуваат дека повеќе лица биле вмешани во скандалот. Тоа не би било возможно без знаење на надлежните на клиниката, финансии и сметководство – смета д-р Пановски.

Според него, лошата ситуација во македонското здравство е резултат, пред сè, на партизацијата.

– Партиското поставување на директори на клиники е сериозен проблем и дополнително придонесува за ваквите лоши состојби. Се поставуваат целосно несоодветни кадри, со несоодветни струки за директори на клиники. Потребен е целосен ремонт и департизација, но притоа мора да се има предвид дека тоа нема да биде возможно без жртви – рече Пановски, одговатррајќи на прашање за можноста да се подобрат состојбите во македонското здравство.

Share This Article