„ВМРО-ДПМНЕ е против носење на овие уставни измени на ваков начин под овие услови, причините се јасни. Јас во опозиција ВМРО-ДПМНЕ никогаш не сум го познавал покомпактно, по со збиени редови и што е најважно пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ цврсто стои на тоа дека под вакви услови нема да гласаат уставни измени“.
Вака изјави Александар Пандов од Патриотскиот институт на партијата во вечерашната емисија „За или Против“ на ТВ Алфа.
– Можат и Стево Пендаровски и Талат Џафери да си ја тераат својата агенда нивната агенда одамна е јасна, а тоа е да спроведуваат штетни политики кон Македонија и македонскиот народ тоа е во континуитет веќе 6 години. Во 2018 го потпишаа оној бугарски договор, поради кој што сега еве е дојдено до тие уставни измени кои треба да се прават, подоцна го потпишаа Преспанскиот договор и тие си ја тераат својата агенда. За цела среќа во Македонија постои ВМРО-ДПМНЕ, партија која што е во буквална смисла на зборот на браникот на македонските национални интереси.
Неговиот соговорник Стојанче Ангелов изјави дека нема да има ниту уставни измени, ниту предвремени избори.
– Не верувам дека Христијан Мицкоски ќе го промени ставот. Ниту еден пратеник на ВМРО ДПМНЕ нема да го изигра и да гласа за. Во однос на предвремени парламентарни избори, премиерот Ковачевски беше јасен, ако не обезбеди двотретинско мнозинство за уставните измени, работата си тече понатаму. Не треба да има вонредните парламентарни избори бидејќи редовните ни чукаат на врата, а и нема потреба за негова оставка. Според моите информации нема да има предвремени парламентарни ниту ќе има двотретинско мнозинство, иако сме под силен притисок од Европската Унија, а според моја прогноза во наредниот период притисокот ќе се засили. Според мене, Уставот треба да биде променет по образец на хрватскиот модел, Македонија на македонскиот народ и на останататите малцинства – рече Ангелов.