Македонската фудбалска легенда Горан Пандев вчера беше специјален гостин во натпреварот помеѓу Интер и Црвена Звезда во Лигата на шампионите во кој „нероаѕурите“ славеа победа од 4:0.
Натпреварот го следеше од ВИП ложата заедно со своите поранешни соиграчи со кои ја освои историската триплета во во 2010 година.
Друштво на Пандев му правеа: Диего Милито, Кристијан Киву и Марко Матераци.
Во продолжение, погледнете го видеото: