More

    Пандемската криза ги оддалечи работниците од угостителската индустрија во Германија

    spot_img

    Пандемската криза ги оддалечи работниците од угостителската индустрија во Германија и ги охрабри да бараат работа првенствено во малопродажбата и логистиката, според истражувањето на Германскиот економски институт.

    Само во 2020 година, 216 илјади работници ја напуштиле туристичката индустрија, според економистите на IW.

    Речиси 35 илјади од нив најдоа нова работа во малопродажбата, каде супермаркетите како Алди и Лидл нудат почетна плата од најмалку 14 евра на час.

    Околу 27.000 луѓе се преселиле од угостителството во транспортниот и логистичкиот сектор, меѓу другото, на работното место возач на достава, а исто толку се приклучиле на секторот за управување со бизниси, работејќи како секретари.

    Според истражувањето, угостителството го напуштиле главно работниците со скратено работно време и договорите на „определено време“.

    „Во ниту еден друг сектор за вработување падот не е толку силен, ниту во апсолутна ниту во релативна смисла“, велат авторите на истражувањето Аника Јансен и Пола Рисиус.

    Здружението на баварски хотели и ресторани (ДЕХОГА) повикува на насочена политика на имиграција во Германија со цел да се реши проблемот со „егзодусот“ на работниците.

    Граѓаните од земјите од Западен Балкан треба, на пример, побрзо да добијат дозволи за престој за да работат во Германија. Треба да се забрза процесот на доделување визи за апликантите од земјите кои не се членки на ЕУ, изјави генералниот директор на DEHOGA, Томас Геперт.

    Верувам дека нема да можеме да го пополниме недостатокот со локални работници, вели Геперт.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img