Веста за смртта на Синиша Михајловиќ ја потресе фудбалската јавност, а тука секако се и многу негови соработници, поранешни колеги, соиграчи како што е Дарко Панчев.
Македонската фудбалска легенда играше заедно со Михајловиќ во најубавите времиња на Црвена Звезда кога овој тим стана европски шампион, па сосема очекувано Панчев беше скршен од болка поради загубата на пријателот.
– Немојте да се лутите, никогаш не сум бегал од разговор. Не знам, не можам… Ме погоди, ова е катастрофа. Што да ви кажам? Едноставно, немам енергија да зборувам за тоа. Жал ми е што нѐ напушти, во друга прилика – изјавил Панчев за српски „Блиц“.
Синиша почина на 53-годишна возраст, односно ја загуби битката со леукемијата.