More

    Палевски тврди дека на 22 ноември поправал котел, а не бил во Велес

    spot_img

    И јас загинав на 27 ноември, од мене не остана човек. Чувствувам болка што не може да се објасни, рече со плачлив глас таткото на Вања, Александар Ѓорчевски во својот исказ, на денешното прво рочиште од процесот за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски, што се случи лани во ноември.

    Тој рече дека се става на располагање на судот за сѐ да се разјасни, со имиња и со детали.

    – Тогаш ќе бидам на слобода, ќе барам мир – додаде Ѓорчевски.

    Првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо кој се изјасни дека не се чувствува виновен по делата што му се ставаат на товар, рече дека Обвинителството извршува политичка наредба.

    – Барав во рок од 30 дена да ми ги дадат доказите, не добив никаков одговор. Овој родител, наместо да плаче по своето дете, од полицијата е наместен за да се изготви лажен мотив и врска меѓу мене и него. Јас не го познавам Александар. Јас бев киднапиран првите 7 дена. Ме донесоа на 15 мај во затворот во Скопје, но 7 дена не добив никаков акт. После ме донесоа со медиуми, со „калашникови“, 6 дена ме држеа, судијата на претходна постапка Душан Јосифов изврши кривично дело. Ова е политичко монтирано судење. Регуларно заминав за да направам магнетна резонанца на мојата кичма која 70 отсто не е во функција. На 20 мај мојата ДНК е внесена во системот… Повеќе од 100 ДНК траги од овој настан се ставени како докази. Мене на 17 мај ми зедоа брис за ДНК – рече Палевски.

    ОДБРАНАТА ЌЕ ДОКАЖУВА ДЕКА ТАТКОТО НА ВАЊА Е ЖРТВА Адвокатот на Палевски тврди дека нема докази дека тој бил во Велес дента кога бил убиен Панче

    Тој вели дека во Јавното обвинителство знаат дека немал контакти со таткото Александар Ѓорчевски.

    – Сето ова е според лажен исказ на еден од обвинетите кој сака да избегне доживотен затвор. Едвај најдов адвокат. Сите видеа и слики по порталите излегоа од ЈО и оттаму погрешно ги брифираа сите медиуми. Тогаш ЈО не се секираше за душевната состојба на мајката на Вања. Само лупаа по медиуми, овој на камери личи на Палчо… Вештачењето докажа дека јас и Александар имаме комуникации. Затоа и побараа исклучување на јавноста. Ова е обвинителско насилие со укинување на сите мои права. Судијата на претходна постапка беше во улога на поштар, не ги штитеше моите права и не ми помогна да составам одбрана – рече Палевски.

    Според него, мајката на Вања, Зорица имало орочени 30.000 евра, а дека дупката во која била закопана Вања била ископана претходно, што значи дека не била грабната Вања за да се бара откуп, туку за да биде убиена.

    – Мотивот е вештачки. Затоа е вмешан и таткото Александар. Таткото за прв пат станал дел од истрагата по исказ на еден од обвинетите. Никој не праша каде сте требале да го чувате детето додека чекате откуп. Нема повик од никој кој од мајката бара откуп. Дупката е претходно копана, значи, за да биде убиена, не за да се бара откуп. Самото ЈО пишува дека дупката е претходно ископана. 90 проценти од моите приложени докази се доказите од МВР форензика. Обвинителот не говори вистина. Ерол Османи е еден сведок, кого го кријат во списите. На 22 ноември (кога е убиен Панче Жежовски, н.з.) му поправав котел. ЈО го крие моето утврдено движење според базните станици, не ми го даде. ЈО го става судот пред свршен чин, се злоупотребуваат доказите во спротивна насока – рече Палевски во неговото прво обраќање пред судот.

    ВО ГЛАВАТА НА ВАЊА БИЛО ПУКАНО ПРЕКУ ПЕРНИЧЕ Куршумот пробил 34 сантиметри низ вратот на девојчето

    На следните рочишта што ќе се одржат на 7, 9, 14, 16 и на 18 октомври од 10 часот, ќе бидат повикани сведоци.

    На 7 октомври ќе сведочат мајката Зорица Ѓорчевска, како и Ана Киркова и Тодор Кирков.

    На 9 октомври ќе сведочат Дејан Димовски, Музафер Каишиќ, Ристе Самарџиев, Зоран Аваз, Тодорче Георгиевски, Елвис Ибрахуми, Мирче Мицевски и Митре Лазаревски.

    На 16 октомври ќе сведочат Маја Спироска, Ѓорги Џолев, Кире Тренчевски, Кристијан Плотников и Васко Стојков.

    На 18 октомври ќе сведочат Иванка Ѓорческа, Оли Нешковиќ, Иво Нешковиќ, односно мајката, таткото, сестрата и внукот на Александар, како и Гоце Трајковски и Кираца Трајковска.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img