Палестинското исламистичко движење Хамас, кое досега бараше конечен прекин на огнот во Газа пред размената на израелски заложници за палестински затвореници, сега е подготвено за шестнеделен прекин на огнот, потврди претставник на движењето.
Според овој прекин на огнот, 42 заложници, жени, деца, стари и болни, би можеле да бидат ослободени во замена за 20 до 50 палестински заложници, во зависност од ситуацијата, многу помалку отколку што претходно бараше Хамас.
Според Израел, 130 заложници сè уште се држат во Газа, а се верува дека 32 од нив се мртви.