Во Појасот Газа, кој Израел го бомбардира со недели, досега се убиени 133 бебиња помлади од една година, соопшти Министерството за здравство во Газа.
Министерството, исто така, објави извештај во кој се вели дека ги содржи имињата, информациите за идентитетот и возраста на граѓаните кои загинале во израелските напади врз Газа меѓу 7 и 26 октомври.
Според извештајот, 2.913 од 7.028 лица кои загинале во израелските напади меѓу 7 и 26 октомври биле деца.
Во израелските напади, според овие извештаи, биле убиени 444 бебиња, од кои 133 бебиња до една година, 153 бебиња на возраст од една година и 158 бебиња на возраст од две години.
Во израелското бомбардирање, според овие извештаи, загинале и 171 дете на возраст до три години, 1.527 деца од основно училиште (4-13 години) и 523 деца на средношколска возраст (14-17 години).
Освен тоа, според овие извештаи, во нападите биле убиени 2.262 жени, а биле убиени и 462 лица на возраст над 60 години.
Во извештајот се наведува дека се уште не е можно да се утврди идентитетот на 281 лице кои загинаа во бруталните израелски напади врз Газа.
Агенцијата на Обединетите нации (ОН) за помош и работа на палестинските бегалци на Блискиот Исток (UNRWA) во понеделникот, 30 октомври, објави дека 63 нејзини вработени биле убиени во израелски напади.
Од почетокот на израелските напади на 7 октомври, 35 новинари се убиени во Газа и еден во Либан.
Израелската армија денеска соопшти дека почнале копнените борби со Хамас и дека ги напаѓаат сите делови на Газа.