More

    Палестинскиот претседател прогласи тридневна жалост, Израел го испитува случајот

    spot_img

    Хамас тврди дека Израел во воздушен напад ја погодил баптистичката болница Ал-Ахли Араби во центарот на градот Газа при што загинале најмалку 500 луѓе. Претходно, портпаролот на палестинското Министерство за здравство изјави дека во нападот што ја погоди болницата загинале меѓу 200 и 300 луѓе, но Хамас оттогаш ја зголеми бројката на 500.

    Хамас објави соопштение на Телеграм како одговор на пријавениот напад врз болницата, за кој неговите официјални лица тврдеа дека загинале стотици луѓе.

    „Овој страшен колеж е злосторство на геноцид. Повеќето од жртвите во болницата се раселени семејства, пациенти, деца и жени. Нападот, исто така, ја разоткри американската и западната поддршка за оваа криминална окупација“, се вели во објавата на Хамас.

     

     

     

     

    Израелската армија соопшти дека сè уште нема детали за наводното бомбардирање на арапската баптистичка болница Ал-Ахли во градот Газа.

    Портпаролот на израелските одбранбени сили (ИДФ), контраадмиралот Даниел Хагари изјави дека извештаите за можен израелски воздушен напад врз болница во Газа сè уште се испитуваат. Хагари рече дека сè уште ги нема сите информации и ќе објави повеќе детали кога ќе биде можно.

    Тој рече дека сè уште не знае дали експлозијата, која наводно предизвикала стотици жртви, била израелски напад.

    – Има многу воздушни напади, многу неуспешни ракети и многу лажни извештаи од Хамас – нагласи тој.

    Палестинскиот претседател Махмуд Абас прогласи тридневна жалост по воздушниот напад врз болницата Ал Ахли во Газа, јавуваат палестинските медиуми. Како што јави претходно Би-Би-Си, Израелците рекоа дека причината за пожарот во болницата не е јасна и оти војската уште истражува.

    Би-Би-Си успеа да разговара со неименуван доктор кој работи во болницата. Тој за програмата Њузаур (Newshour) на Светскиот сервис на Би-Би-Си изјави дека местото на нападот, каде биле засолнети околу 4.000 раселени лица, е целосно уништено.

    Тој додаде дека 80 отсто од болницата не е во функција, а во експлозијата загинале или се повредени стотици луѓе.

    Тој рече дека болницата е празна бидејќи луѓето се зафатени обидувајќи се да ги спасат преживеаните од нападот, јави Би-Би-Си.

    Генералниот директор на Светската здравствена организација Тедрос Аданом Гебрејесус го осуди нападот врз болницата Ал Ахли во Газа.

    „Повикуваме на итна заштита на цивилите и здравствена заштита, како и да се укинат наредбите за евакуација“, напиша Гебрејесус на социалната мрежа Икс.

    Тој информира дека според првичните извештаи, во нападот има стотици загинати и повредени.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img