More

    Палестинската милитантна група Хамас синоќа соопшти дека позитивно гледа на содржината на предлогот на американскиот претседател Џо Бајден за траен мир во Газа

    spot_img

    Палестинската милитантна група Хамас синоќа соопшти дека позитивно гледа на содржината на предлогот на американскиот претседател Џо Бајден за траен мир во Газа.

    Бајден претходно претстави план од три фази – шестнеделен прекин на огнот, потоа преговори за условите за траен прекин на непријателствата и голем план за обнова на Газа.

    – Хамас ја потврдува својата подготвеност позитивно и конструктивно да работи со секој предлог заснован на трајно примирје и целосно повлекување на израелските сили од Појасот Газа, обнова на таа територија и враќање на бегалците во нивните домови, со исполнување на вистинска размена на затвореници, доколку окупацијата јасно објави посветеност на таков договор – соопшти Хамас.

    Бајден синоќа објасни дека „Израел секогаш ќе има право да се брани од заканите по неговата безбедност и да ги изведе одговорните за 7 октомври пред лицето на правдата“, пренесоа израелските медиуми.

    Во обраќањето од Белата куќа, Бајден вчера презентираше договор од три фази што Израел им го предложи на екстремистите од Хамас, што според него ќе доведе до ослободување на преостанатите заложници од Газа и може да стави крај на речиси осуммесечната војна.

    Американскиот лидер оцени дека Хамас „повеќе не е способен“ да изврши уште еден голем напад врз Израел и апелираше до Израелците и Хамас да постигнат договор за ослободување на заложниците за продолжен прекин на огнот.

    – САД секогаш ќе се погрижат Израел да го има она што му треба да се брани. Ако Хамас не ги исполни своите обврски од договорот, Израел може да продолжи со воените операции. Но, Египет и Катар ме уверија дека продолжуваат да работат за да обезбедат дека Хамас нема да го стори тоа – рече Бајден.

    Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху по објавувањето на планот на Бајден соопшти дека тој им наложил на преговарачите да презентираат предлог за прекин на огнот.

    Палестинските здравствени власти проценуваат дека повеќе од 36.000 луѓе досега загинале во конфликтот во Газа.

    Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш го поздрави предлогот за договор за прекин на огнот во Појасот Газа, кој вчера го претстави американскиот претседател Џозеф Бајден.

    Гутереш на Х изјави дека е дојдено време да се стави крај на „страдањето и уништувањето во Газа“ и ги повика сите страни да ја „искористат можноста за прекин на огнот, ослободување на сите заложници, гарантиран непречен хуманитарен пристап и на крајот одржлив мир на Блискиот Исток“.

    Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен исто така изјави дека се согласува со Бајден дека предлогот е значајна можност да се придвижи кон крај на војната и страдањето на цивилите во Газа.

    „Овој пристап од три чекори е избалансиран и реален. Сега му е потребна поддршка од страните“, напиша Фон дер Лајен на Х.

    Планот го поздрави и германската министерка за одбрана Аналена Бербок, која оцени дека израелскиот предлог презентиран од Бајден „нуди трошка надеж и можен излез од воениот ќорсокак“.

    Таа, исто така, нагласи дека милитантната група Хамас мора да ја докаже својата посветеност за крај на конфликтот.

    Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон го поздрави планот на Израел, како и поранешниот американски претседател Барак Обама, кој рече дека прекинот на огнот „нема да го реши долгогодишниот конфликт меѓу Израелците и Палестинците“, но оти „може да го запре тековното крвопролевање“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img