More

    Пакетот за трошоци од 300 милиони долари за Украина, одобрен од американскиот Конгрес минатата недела нема да обезбеди нова помош за Киев, бидејќи парите всушност биле потрошени пред четири месеци

    spot_img

    Пакетот за трошоци од 300 милиони долари за Украина, одобрен од американскиот Конгрес минатата недела нема да обезбеди нова помош за Киев, бидејќи парите всушност биле потрошени пред четири месеци, објави во вторникот Политико.

    Распределбата за Украина беше дел од пакетот трошоци од 1,2 трилиони долари, потпишан од претседателот Џо Бајден во саботата, кој ќе обезбеди финансирање на американската влада до октомври.

    Од нив, 300 милиони долари одат во Иницијативата за безбедносна помош во Украина (УСАИ) на Пентагон, механизам што го користи Вашингтон за испраќање оружје до Киев и кој финансира договори за идни испораки на оружје и опрема. Парите, сепак, „не ни се достапни за користење сега“ поради тоа како функционира иницијативата, изјави американски функционер за Политико кој сакаше да остане анонимен.

    Причината зошто парите „биле потрошени“ пред неколку месеци може да се бара во фактот деа со новиот „трик“, односно пристап Пенгатон го проценува оружјето за залиха во Украина не според неговата заменска вредност, туку според нето вредноста од книговодствените документи. Така, оружјето излегува поскапо. Но, по истиот тој метод буџетот на Пентагон ќе остане со дупка од 10 милијарди долари.

    Пентагон објави дека поддршката од 300 милиони долари во ноември „ги исцрпува преостанатите средства на УСАИ кои моментално се достапни за поддршка на Украина“.

    Уште минатиот ноември, кога пакетот беше донесен, Министерство за одбрана објави дека ваквиот сметководствен трик му овозможува да произведе уште еден ист пакет. Сепак, „трикот“ наидува на проблеми.

    Во меѓувреме останува заглавена помошта од цели 60 милијарди долари за Украина во американскиот Конгрес поради политичките поделби и барањата на Републиксанците. Овие средства Украина ги бара со месеци како главен финансиски пакет.

    Спикерот Мајк Џонсон посочи дека гласањето за дополнителна помош за Украина може да се случи откако ќе се ублажи заканата од затворање на владата во 2024 година. Комората, сепак, моментално е во прекин, што значи дека е малку веројатен напредок пред април.

    фото: pixabay.com

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img