More

    Паднаа министер и директори на „Железничка инфраструктура“ во апсењето во Нови САД

    spot_img

    Во големото апсење во Србија поврзано со падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад уапсени се министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура на Србија во оставка Горан Весиќ, в.д. директорката на Железничката инфраструктура на Србија Јелена Танасковиќ, поранешниот директор на компанијата Небојша Шурлани и  Анита Додовски,  в.д. помошничка на министерот за железнички и интермодален транспорт.

    Танасковиќ вчера поднесе оставка од функцијата. Претходно и Весиќ поднесе оставка од министерската  функција.

    По информацијата за апсењето Весиќ утрово се јави на Икс и напиша дека не е уапсен, туку самиот се пријавил по повикот од полицијата.

    „Не бев уапсен, доброволно се одзвав на повикот на полицајците со кои дојдов во Нови Сад и се ставив на располагање на истражните органи за целосно да се истражат сите околности кои довеле до несреќата во Нови Сад“, поранешниот министер за градежништво на својот Икс акаунт.

    Вчера оставка поднесе и Томислав Момировиќ, министер за внатрешна и надворешна трговија.

    Српските медиуми објавија дека досега се  уапсени 11 лица кои се сомничат дека сториле кривично дело против општата безбедност и кривично дело неправилно извршување на градежни работи, за кои е пропишана казна од 2 до 12 години.

    Во трагедијата во Нови Сад, 15 лица загинаа при уривање на настрешницата на железничката станица. Две лица  уште се во тешка состојба.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img