More

    Падна случајот „Тревник“ за трите викендички во Зелениково

    spot_img

    Јавното обвинителство го повлече обвинителниот акт во случајот „Тревник“ во кој беа обвинети Драган Павловиќ Латас и неговите браќа Срѓан и Звездан Павловиќ.

    Од Апелациониот суд Скопје информираат дека на расправата по жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје одржана на 23 јануари, јавниот обвинител од Вишото јавно обвинителство Скопје, во завршниот збор го повлекол обвинителниот акт на Јавното обвинителство за гонење на незаконско следење на комуникациите, по што Судот донел пресуда со која обвинението се одбива.

    „Постапувајќи по кривичниот предмет КЖ-1083/22 во јавноста познат како „Тревник“, по повод жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје, одржа главна расправа на ден 23.01.2024 година, на која јавниот обвинител од Вишото јавно обвинителство Скопје, во завршен збор го повлече обвинителниот акт на Јавното обвинителство за гонење на незаконско следење на комуникациите НСК-КО.бр.10/17 од 29.06.2017 година, преземено од ЈО на РСМ и заведено во ОЈО Скопје под КО.бр.2938/19 против обвинетите Д. П. Л., С.П. и З.П., за по едно кривично дело Бесправно градење од член 244-а став 1 од Кривичниот законик, по што Судот донесе пресуда со која се одбива обвинението, согласно член 402 точка 3 од ЗКП“, се наведува во соопштението од Апелација.

    СЈО го покрена овој случај за бесправно градење три викендички во Зелениково. Првата ослободителната пресуда беше изречена во 2019 година, истата во 2020 беше укината од Апелација, а предметот беше вратен на повторно судење во Основниот Кривичен суд во Скопје, и по втор пат, во 2022 година, повторно доби ослободителна пресуда.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img