Пад од три места на ФИФА листата за македонската репрезентација

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Двата јунски порази во евроквалификациите од Украина и Англија придонесоа македонската фудбалска репрезентација да назадува три места на најновата ранг-листа на ФИФА на која „црвено-жолтите“ се на 68 место.

Избраниците на селекторот Благоја Милевски претходно овој месец загубија на домашен терен од Украина (2-3), а потоа и на гостувањето во Англија (0-7) во рамки на квалификациската група Ц за пласман на ЕУРО 2024.

Македонската репрезентација ги продолжува евроквалификациите на 9 септември кога во Скопје ќе го пречека актуелниот европски првак Италија.

Најновата ранг-листа на ФИФА не донесе измени меѓу Топ 3 репрезентациите. Актуелниот првак Аргентина остана на водечкото место пред Франција и Белгија.

Share This Article