Покрај Де Минаур и Пол, во полуфиналето се пласираа и Италијанецот Јаник Синер и Шпанецот Алехандро Давидович (АТП-37).
Шпанскиот тенисер број еден во светот, Карлос Алкараз во четвртфиналето го заврши настапот на АТП тенискиот турнир во Торонто, каде беше поразен од Американецот Томи Пол (АТП-14.) со 6:3, 4:6, 6:3 по два. часа и 21 минута.
Слична судбина доживеа и вториот носител на овој турнир, Русинот Данил Медведев, кој беше елиминиран од Австралиецот Алекс Де Минаур (АТП-18) со 7-6 (7), 7-5.
Покрај Де Минаур и Пол, во полуфиналето се пласираа и Италијанецот Јаник Синер и Шпанецот Алехандро Давидович (АТП-37).
Во женска конкуренција првата тенисерка во светот од Полска Ига Свијатек третата на ВТА листата Американката Џесика Пегула и Русинката Лиудмила Самсонова (ВТА-18) која прва ја елиминираше втората тенисерка во светот, Белорусинката Арина Сабаленко, а потоа и Швајцарката Белинда Бенчиќ.