„Оживеани“ балони во Кападокија по пандемијата

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Во првата половина од годинава убавината на Кападокија, во Турција, од воздух ја забележале 258.914 туристи, што е за 186 отсто повеќе во споредба со истиот период лани.

Од кабинетот на гувернерот Невшехир соопштија дека од јануари до јуни 2022 година се извршени 12.558 летови со балони, а во турите учествувале 258.914 домашни и странски туристи.

Во 2020 година, кога започна пандемијата на коронавирус, со балон летале 120.917 луѓе, а во првите шест месеци од 2021 година, летале 90.493 од нив.

Со заживувањето на туризмот годинава зголемен е и интересот за летови со балони.

Претседателот на Здружението на оператори со балони на топол воздух во Анадолија (ASBID), Мехмет Динлер, во изјава за Анадолија, рече дека Кападокија привлекува туристи од целиот свет поради своите климатски услови и природни убавини.

Тој очекува до крајот на годината да биде соборен рекордот за летови со балони.

„Интересот е голем, има особено значаен пораст на посетителите од Индија, а до крајот на годината очекуваме туристи од земјите на Далечниот Исток, меѓу кои Кореја, Малезија и Индонезија. Кападокија е една од најважните туристички дестинации во Турција“, рече Динлер.

Share This Article