Во согласност со Закон за празници на РМ („Службен весник на РМ” бр.21/98 и 18/07), 21 Април 2023 година (петок), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика.
Во истото соопштение Министерството за труд и социјална политика им го честита Рамазан Бајрам на граѓаните од муслиманска вероисповед во Република Северна Македонија.