Дали сте еден од оние луѓе кои мразат да одат на стоматолог? Згора на тоа, дали се плашите од него? Имаме добри вести за вас. Можете да го подобрите вашето орално здравје со зелен чај.
Познато е дека зелениот чај има бројни здравствени придобивки, а меѓу нив е и фактот што благотворно делува на здравјето на забите. Истражувањето открило дека зелениот чај содржи антимикробни молекули кои помагаат во зачувување на забите, пишува Здравствениот центар.
Луѓето кои пијат барем една шолја зелен чај дневно имаат поздрави и поотпорни заби. Ова се однесува само на незасладен чај, бидејќи чајот со шеќер нема таков ефект. Освен тоа, засладениот чај може да предизвика сосема спротивен ефект, односно забите да почнат да се расипуваат.
Ако не сте љубител на зелениот чај, или воопшто на чаевите, не мора да го консумирате за да ги искористите неговите стоматолошки придобивки.
Научниците истакнуваат дека доволно е редовно да се плакне усната шуплина со зелен чај. Плакнењето ги уништува повеќето бактерии кои се наоѓаат во устата, што придонесува за заштита на забите и непцата.
Затоа, за да го подобрите здравјето на вашите заби, можете да пиете шолја зелен чај дневно или да ја исплакнете устата со овој напиток. Ова ќе биде сосема доволно за да ги одржите вашите заби здрави и отпорни.
Секако, тоа не значи дека можете целосно да ја заборавите четката за заби и да одите на стоматолог! Правилната орална хигиена, како и превентивните посети на стоматолог, сè уште се главниот начин за одржување на здравјето на усната шуплина.