Овие три зачини ги чистат белите дробови на пушачите

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Конзумирањето на одреден вид храна и пијалок му помага на телото да се ослободи од штетните материи во организмот, покажаа студиите. Така овие три зачини се одлични за чистење на белите дробови на пушачите.

Лук
Лукот го нарекуваат и природен антибиотик, средство за отпушување на дишните патишта, моќно растение со антиканцерогено и антиинфламаторно дејство кое ги потиснува габите и одредени вируси, пишува Zapozdena.hr.

Содржи алицин кој ги уништува инфекциите на дишните патишта, а многу истражувања покажале дека е ефикасен помошник во чистењето на белите дробови на пушачите, но и на поранешните корисници на тутунски производи.

Сепак, големи количини лук не се препорачуваат за луѓе кои имаат проблеми со желудникот и дигестивниот систем.

Ѓумбир
Овој зачин го зајакнува имунитетот, го подобрува варењето, ја намалува надуеноста, ги намалува воспалителните процеси во телото и ги отстранува токсините од белите дробови и остатокот од телото. Ѓумбирот најчесто се прави чај или се додава во здрави пијалоци, а може да се користи и како зачин за солени и слатки јадења.

Тој е многу моќен, затоа не треба да јадете повеќе од два сантиметри парче ѓумбир дневно. Ако не сте сигурни за точната доза, консултирајте се со доктор или нутриционист.

Куркума
Некои студии покажаа дека овој растителен вид од семејството на ѓумбир го подобрува чистењето на белите дробови од штетни материи како резултат на пушење или живеење во загадена средина. Покрај тоа, спречува болести на респираторниот систем.

Куркумата традиционално се користи за кари и други индиски јадења, подготовка на златно млеко и разни здрави смути. За да уживате во антивоспалителните придобивки на куркумата, измешајте ја со малку црн пипер.

Share This Article