More

    Овие складишта испорачуваат нафта во Европа

    spot_img

    Голем пожар избувна во складиште за нафта во рускиот град Брјанск, пренесоа руските агенции, повикувајќи се на Министерството за вонредни ситуации.

    – Во 02:00 часот на 25 април 2022 година, оперативната дежурна смена на Главната дирекција на Министерството за вонредни ситуации на Русија за регионот Брјанск доби информација за пожар на адреса: Брјанск, во округот Фокински. На местото на повикот се испратени противпожарни и спасувачки екипи согласно зголемениот ранг (број) на пожарот. По пристигнувањето било констатирано дека има пожар на територијата на складиштето за нафта – се вели во објавата на веб-страницата на Министерството.

    Во објавата се додава дека ќе следат дополнителни информации.

    Засега нема индикации дека пожарот е поврзан со војната во Украина. Станува збор за исклучително важен нафтовод што ја транспортира руската нафта во Европа.

    Брјанск е град кој се наоѓа на околу 150 километри североисточно од украинската граница. Од Москва е оддалечен 380 километри.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img