Оваа земја е поважна отколку што мисли Европа

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Ако Роберт Фицо, човекот „што го имитира Виктор Орбан“ победи на парламентарните избори во Словачка на 30-ти месецов, Европската унија и НАТО наскоро би можеле да имаат нов предизвикувач на проблеми, пишува Гардијан. „Словачка е поважна отколку што сфаќа Европа“, се вели во колумната.

Старо-новиот премиер кој се бори со „американските агенти“

Популистичкиот лидер Фицо кој стана славен и се врати на сцената осудувајќи ги „украинските фашисти“ може да ја сврти земјата кон Путинова Русија. Неговата слава почна кога тој во 2019 година ја нарече претседателката Зузана Чапутова „американски агент“, а ги опиша неодамнешните апсења на високи шефови на разузнавањето како „државен удар предводен од полицијата“.

Фицо вушност беше премиер на Словачка помеѓу 2006 и 2010 година, и повторно од 2012 до 2018 година. Тогаш тој жестоко зборуваше против Западот пред својата домашна публика, но внимаваше да не оди против меѓународната заедница.

Против Фицо имаше цела револуција

Она што се случи потоа ја потресе Словачка до срж. Јан Куцијак, млад истражувачки новинар, ја истражуваше корупцијата во која е вмешана владата на Фицо, субвенциите од ЕУ и италијанската мафија. На 21 февруари 2018 година, Куцијак и неговата свршеница, археологот Мартина Кушнирова, беа убиени од убијци во нивниот стан во близина на главниот град.

Во најголемите протести од Кадифената револуција која го собори комунизмот во 1989 година, десетици илјади Словаци излегоа на улиците за да го изразат својот гнев. На крајот, Фицо и целиот негов кабинет беа принудени да поднесат оставка, но не пред да го обвинат американскиот милијардер Џорџ Сорос за поттикнување на протестите.

Ова траеше сѐ до 2019 година, со доаѓањето на Зузана Чапутова и почетокот на пандемијата со коронавирусот. Тогаш Фицо си ја поврати популарноста со својот речник. Чапутова беше брзо сменета. Но, всушност Словачка во изминатите четири години имаше четворица премиери.

Сите тие премиери се бореа со ковидот, инфлацијага, енергетската криза и со војната. Последната администрација падна во декември поради бројни внатрешни конфликти.

Црната дупка на Медлин Олбрајт ќе го зацрни Западот

Чапутова сега тврди дека постојат 2.000 страници на Фејсбук во Словачка кои спроведуваат антизападна пропаганда, дека постои „информативна бура“. Нејзе ѝ е доста од сѐ и нема да се кандидира за втор мандат, пишува Гардијан.

Словачка беше прва земја која ѝ прати авиони на Украина во војната. Гледано по глава на жител, земјата е најверен поддржувач на Киев во Европа. Но, во реалноста петте милиони Словаци денеска се поделени. Дури 50% од нив веруваат дека САД се безбедносен ризик, број кој значително се зголемил од пред само неколку години, додека само 40% од Словаците веруваат дека Русија е првенствено одговорна за војната во Украина, која е најмал процент во Централна и Источна Европа, анализира тинк-тенкот „Глобсек“.

- Advertisement -
Ad image

Да, Словачка се приклучи во НАТО во 2004 година и стана дел од ЕУ истата година, но проблемите продолжија. Уште во 1993 година, кога земјата се одвои при распадот на Чехословачка, Медлин Олбрајт, тогашната државна секретарка на САД ја нарече земјата „црна дупка“ во регионот.

Се чини дека таа „црна дупка“ сега претставува закана за целиот Запад. Словачка е поважна отколку што сфаќа Европа.

Share This Article