More

    Оваа недела започна вакцинацијата против сезонски грип, за кој Министерството за здравство обезбеди 70.000 бесплатни вакцини

    spot_img

    Оваа недела започна вакцинацијата против сезонски грип, за кој Министерството за здравство обезбеди 70.000 бесплатни вакцини. Вакцинацијата против сезонскиот грип се одвива на 36 локации во земјава. На клиниката „Бит Пазар“ имало голем интерес на граѓаните да се вакцинираат. Во понеделникот биле закажани 600 термини за вакцинација, додека до пладне 200 луѓе примиле вакцина.

    – Граѓаните ќе можат да се вакцинираат секој ден, од 7.30 часот до 14.30 часот, во Центарот за јавно здравје – Пролет, со комерцијална вакцинација, односно со вакцини кои важат за општата популација – објаснуваат од Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ).

    Ризичните групи, додаваат од ЦЈЗ, можат да закажат термин на веб-страницата „Портал за вакцинација“, со што ќе добијат соодветен термин за вакцинирање и ќе им биде назначена здравствена установа во која ќе се вакцинираат, зависно од местото на кое живеат.

    Во Скопје вакцинација ќе се врши во Центарот за јавно здравје, на поликлиниките „Букурешт“, „Идадија“ и Бит Пазар, додека во Институтот за јавно здравје само за здравствените работници.

    Од Министерството за здравство најавуваат дека сите пријавени ќе добиваат СМС пораки за точниот датум, време и место каде што треба да се појават за вакцинација.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img