Храната како помфрит одзема малку енергија од телото додека се вари, а има и огромна количина транс масти.Многу луѓе не се свесни дека човечкиот метаболизам се забавува со возраста и поради тоа, многу луѓе почнуваат да се дебелеат во староста. Токму затоа е многу важно во подоцнежниот живот да се елиминираат намирниците кои дополнително го забавуваат метаболизмот, а една од овие намирници е омилената на повеќето луѓе, помфритот.
Диететичарката Кетрин Гервасио открила за SheFinds зошто жените над 40 години треба да се држат настрана од помфрит ако сакаат да го зачуваат метаболизмот, пишува 1клик.
„Покрај тоа што е богат со масти, помфритот е храна која содржи празни калории. Со други зборови, не содржи хранливи материи, само калории, што не е корисно за контрола на тежината и здравјето воопшто“, вели Жервасио.
Храната како помфрит зема малку енергија од телото додека се вари, а има и огромна количина транс масти. „Оваа пржена и солена храна е неверојатно вкусна, но може да доведе до голем број здравствени проблеми, од срцеви заболувања, дијабетес до рак. Кога се консумира во помала мера, виновен е за таложење килограми и побавен метаболизам“, објасни таа.