Џејсон Момоа наводно се „опоравува“ од бурниот развод од сопругата Лиза Бонет, и тоа во прегратките на многу помладата девојка, Еиза Гонзалес.
Лиза (54) и Џејсон (42) беа заедно 16 години и имаат две деца, а во јануари одлучија дека за нив е најдобро да се разведат.
Во странските медиуми можеше да се слушне дека Џејсон набргу по разводот влегол во љубовна врска со десет години помладата Еиза Гонзалес. Сепак, извор близок до актерот изјавил дека тоа сѐ уште не е ништо сериозно.
Џејсон беше „уловен“ од папараците како позира на премиерата на новиот филм на Еиза „Итна помош“.
Лиза и Џејсон првпат станаа пар во 2005 година, но чекаа до 2017 година за да се венчаат. За време на нивната врска се родиле две деца – ќерката Лола (14) и синот Накоа-Вулф (13).
Џејсон и Лиза објавија дека се разведуваат преку писмено соопштение кое парот го објави на својата страница на Инстаграм.
– Сите го почувствувавме притисокот и промените поради овие турбулентни времиња… Се се менува и нашето семејство не е исклучок – напишаа тие.
– Љубовта меѓу нас продолжува. Се ослободуваме за да бидеме она што навистина го сакаме – додале тие.
Набргу откако беше објавено дека парот се разделил, еден извор близок до парот рече дека разводот се случил затоа што парот имал „различни цели“.
Инсајдерот објави дека кариерата на Џејсон цвета, што резултира со тоа што тој сака да продолжи да работи колку што може, додека Лиза ужива во својот живот во ЛА и не била заинтересирана да патува со него.
Во март можеа да се слушнат шпекулации дека Џејсон и Лиза ќе се обидат повторно да се венчаат, па дури беше видена и како го носи прстенот што тој и го купи.
Сепак, Џејсон до крајот на месецот ја извести јавноста дека повеќе не се заедно, но додаде и дека тој и Лиза засекогаш ќе бидат семејство.
Сега се шпекулира дека има нова девојка, познатата актерка Еиза Гонзалес.
Пред неколку години, во 2018 година, Еиза имаше бурна врска со актерот Џош Дуамел, кој штотуку стави крај на бракот со пејачката Ферги.
Таа потоа уживаше во летната романса во 2020 година со Тимоти Шаламет кратко по неговото раскинување со ќерката на Џони Деп, Лили-Роуз Деп. Сега треба само да видиме дали можеби со Џејсон ќе биде љубов која нема граници.
ФОТО: Инстаграм