Оваа 23-годишна Палестинка била затворена кога била девојче, но сега си дојде дома

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Триесет и девет лица беа ослободени од израелските затвори вчера, согласно договорот меѓу Израел и Хамас, со кој исто така беа ослободени 24 заложници од Газа на почеток на четиридневниот прекин на огнот.

Меѓу ослободените се 22 жени, како и две девојчиња. Ослободени се и 15 тинејџери помлади од 18 години – најмладиот има 14 години, пренесе Индекс.хр

Многу од затворените Палестинци и не знаат зошто биле затворени.

Некои отслужуваат казни за напади врз Израелци, додека многу други се во административен притвор, што е многу критикувана практика во која луѓето се држат без знаење за обвиненијата против нив и без никаков правен процес.

Асеел Ел-Тити, 23-годишна затвореничка која беше ослободена вчера, изјави за Си-Ен-Ен дека дури тоа утро дознала дека е ослободена.

Дописничка на Си-Ен-Ен, во репортажа во живо рече дека Ел-Тити е обвинета за обид за напад со нож и дека нејзиниот случај предизвика бројни критики за односот на Израел кон приведените Палестинци.

Израелската влада им забрани на семејствата на ослободените Палестинци да го слават нивното ослободување од затвор и се закани дека ќе ги обвини за тероризам доколку го прослават нивното ослободување.

Share This Article