Бројот на заразени со Ковид се зголемува токму за време на празничната сезона. Затоа е клучно да се знаат симптомите кои го придружуваат Ковид-19. Тие се променија од почетокот на пандемијата.
Многу од симптомите на Ковид се чувствуваат како симптоми на настинка, пренесува HuffPost.
д-р. Сара Хохман, епидемиолог и раководител на одделот за заразни болести, рече дека повеќето симптоми на Ковид-19 се слични на оние што би ги добиле со настинка.
Најчестите симптоми се:
– Истекување од носот
– Воспалено грло
– Сува кашлица
– Главоболки
– Болки во телото
– Замор
– Зголемена телесна температура
Губењето на вкусот и мирисот се сè поретки симптоми. Иако сè уште можете да ги имате, тие сигурно не се толку чести како што беа на почетокот на пандемијата.Сè уште може да се појави отежнато дишење и болка во градите
Симптомите како што се отежнато дишење и болка во градите би биле причина да се побара лекарска помош што е можно поскоро. д-р. Џо Кабаза изјави дека овие симптоми во последно време се повеќе се појавуваат.
Вакцината против Ковид сè уште е вашата најдобра одбрана од вирусот.
Што можеме да направиме за да се заштитиме?
Основната хигиена што ја практикуваме, како што е миењето раце, е многу важна. Треба да размислите и за носење маска на преполни места. И што е најважно, ако не се чувствувате добро, останете дома. Заштитете ги другите околу вас.