More

    Ова се последните зборови на жената која решила да умре со евтаназија

    spot_img

    Жена која со години боледуваше од рак на дојка и дебело црево, по нејзината смрт во клиниката Дигнитас во Швајцарија каде еутаназијата е легална, им остави порака на политичарите, барајќи промена на сегашниот „суров закон“ во Велика Британија што го криминализира потпомогнатото самоубиство.

    Паола Мара почина вчера на 53-годишна возраст во една контроверзна швајцарска клиника, откако изјави дека чувствува дека нема друг избор освен да го направи овој потег по долгата и тешка битка со ракот на дојката и на дебелото црево, пренесува Дејли Мејл.

    Поранешната музичарка и хуманитарна работничка пред смртта снимила видео во кое зборува за потпомогнато самоубиство. Во видео клипот објавен денеска, таа вели:

    „Кога ќе го гледате ова, јас ќе бидам мртва. Избрав да одам на овој начин затоа што одбивам да дозволам смртната болест да ги диктира условите на моето постоење. Болката и страдањето можат да станат неподносливи. Тоа е бавната ерозија на достоинството, губењето на независноста, одземањето на сè што го прави животот вреден за живеење. Потпомогнатото самоубиство не значи откажување. Всушност, се работи за враќање на контролата. Не се работи за смрт. Се работи за достоинство. Станува збор за правото на луѓето да го прекинат своето страдање по свои услови. Значи, додека го гледате ова, јас сум мртва. Но, вашето гледање на ова може да помогне да се сменат законите за потпомогнато самоубиство“.

    Во придружното отворено писмо до партиските лидери во Вестминстер, Мара рече дека, поради важечкиот закон, морала сама да патува во Швајцарија бидејќи не сака нејзините најблиски да бидат „сослушувани од полицијата или да влезат во правни проблеми“.

    Канаѓанката, која живее во Лондон повеќе од 30 години, напиша: „Огорчена сум што немам избор. Мислам дека тоа е неправедно и сурово. Што е со сите оние тешко болни луѓе кои немаат 15.000 фунти за да дојдат во Дигнитас? Овој суров закон ќе ги натера да доживеат болна смрт или ќе ги натера да ги завршат сопствените животи на брутален начин“.

    Фотографот кој ја направи последната снимка на Паола рече дека ја запознал минатата година и дека бил трогнат од нејзината приказна.

    – Сакав да прикажам личност која не е самоубиствена. Не беше депресивна, не беше несреќна, не беше жена која не го сакаше својот живот. Таа многу го сакаше својот живот и навистина сакаше да остави трага – вели снимателот.

    Претходно овој месец, Сер Кир Стармер, лидерот на опозицијата во Британија, рече дека е „посветен“ да дозволи гласање за легализирање на евтаназијата доколку лабуристите победат на општите избори во Обединетото Кралство.

    Потпомогнатото самоубиство е забрането во Англија, Велс и Северна Ирска, со максимална казна од 14 години затвор. Во Шкотска тоа не е специфичен прекршок, но помагањето во смртта на друго лице може да се карактеризира како убиство.

    Сара Вутон, извршен директор на „Dignity in Dying“, изјави за Дејли Меил: „Последната молба на Паола доаѓа во пресуден момент за кампањата за асистирано самоубиство во Велика Британија“.

    – Промените изгледаат сè поверојатни во делови од Британските острови, со зголемено ниво на јавна поддршка за подобри и похумани закони за тешко болните луѓе. Низ целата земја, голем број луѓе бараат промени на драконскиот, повеќе од шест децениски закон – без разлика кои се, каде живеат или за кого гласаат – изјави Вутон.

    Организацијата го наведе своето неодамнешно истражување на јавното мислење кое покажува дека сега има поддршка за промена на законот во секоја изборна единица во Британија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img