Ова се петте најбогати луѓе на светот кои за три години го удвоија своето богатство

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Петте најбогати луѓе во светот го удвоија своето богатство од 2020 година, додека 60 отсто од вкупното население, речиси 5 милијарди луѓе, станаа уште повеќе осиромашени.

Во најновиот извештај на хуманитарната организација Оксфам, за кој пишува лондонски Гардијан, се наведува дека јазот меѓу богатите и сиромашните веројатно ќе се зголеми. Исто така, се предупредува дека ако продолжат овие трендови, сиромаштијата во светот нема да биде искоренета уште 229 години.

Признавајќи го драматичното зголемување на нееднаквоста по пандемијата на коронавирусот, Оксфам укажува дека светските милијардери се 3,3 милијарди долари побогати отколку во 2020 година, а нивното богатство пораснало три пати побрзо од стапката на инфлација.

Извештајот открива дека 7 од 10-те најголеми корпорации во светот имаат милијардер како извршен директор или главен акционер, и покрај стагнацијата на животниот стандард на милиони работници ширум светот.

Богатството на петте најбогати луѓе во светот – Илон Маск, Бернард Арно, Џеф Безос, Лери Елисон и Марк Цукерберг – се зголеми за 464 милијарди долари или за 114%. Во истиот период, вкупното богатство на најсиромашните 4,77 милијарди луѓе, кои сочинуваат 60 отсто од светската популација, реално се намали за 0,2 отсто.

„Луѓето ширум светот работат понапорно и подолго, често за мизерни плати, на несигурни и опасни работни места“, се вели во извештајот.

Во 52 земји просечните реални плати на речиси 800 милиони работници паднаа. Тие работници изгубиле вкупно 1,5 милијарди долари во последните две години, што е еквивалентно на 25 неплатени денови за секој работник.

Заедно со богатството на супербогатите, корпоративниот профит порасна и покрај притисокот врз домаќинствата од зголемените животни трошоци. Се проценува дека 148е најголеми светски корпорации збирно заработиле 1,8 милијарди долари нето добивка во периодот до јуни 2023 година, што е скок од 52 отсто во споредба со просечната нето добивка во периодот од 2018 до 2021 година.

Залагајќи се за данок на богатство за да се поправи рамнотежата меѓу работниците и супербогатите работодавци и сопственици на бизниси, во извештајот на Оксфам се вели дека таквиот данок на британските милионери и милијардери може да собере 22 милијарди фунти годишно за буџетот, доколку се применува со стапка од 1 до 2 проценти од нето-вредноста над 10 милиони фунти.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article