Пилешкото е еден од најчесто користените видови месо. Достапно е со благ вкус и без силен мирис.
Бонусот е што ова месо е богато со разни хранливи материи, корисни за здравјето на организмот.
Сепак, не се сметаат сите делови од пилешкото добро за човечкото тело, објави неодамна една кинеска студија. Благодарение на искуството на многу готвачи кои ги споделија своите готвачки искуства со експертите, како и знаењето на технолозите, откриено е кои делови од пилешкото месо не треба да се консумираат бидејќи се штетни за здравјето.
Значи, кога јадете пилешко, подобро е да не ја консумирате кожата која целосно се состои од маснотии, а покрај тоа може да содржи и голем број бактерии.
Исто така, се препорачува да не се јадат белите дробови бидејќи дури и термичката обработка на висока температура не ги отстранува целосно сите паразити од нив.
И кинеските експерти ве советуваа да не ја користите главата, бидејќи токму во овој дел од пилешкото се таложат сите штетни материи што животното ги јаде во текот на својот живот, пренесува Б92.