Ова се најголемите скандали кои ја одбележаа 2022 година

Lorita
By Lorita 10 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Лошо однесување на славните не е ништо ново, но се чини, никој не ја предвиде, на пример, „шлканицата” на една од најголемите холивудски ѕвезди, Вил Смит на „Оскарите”, или пак, според многумина шокантните објави на Кање Вест на својот интернет-простор.

Следи дел од најскандалозните мигови на славните личности годинава.

Вил Смит му удри шлаканица на Крис Рок

Тоа требаше да биде ноќ на Смит – и беше, но не поради „Оскарот” за главната улога во „Кралот Ричард”… Глумецот остана запомнет по ударот со рака врз доделувачот на неколку други награди – комичарот Крис Рок, кој се пошегува на сметка на фризурата на сопругата на Вил – Џејда Пинкет-Смит. Таа инаку боледува од алопеција, па постојано носи кусо истрижена коса. Иако Смит неколкупати се извини за шлаканицата, се чини дека тој и Рок сѐ уште не се во најдобри односи.

Брус Вилис се повлекува од сцената

Семејството на ѕвездата на акционите филмови во март објави дека му била дијагностицирана афазија – состојба кога човекот ја губи способноста за комуникација, и дека тој се пензионира. Меѓу гласините кои се појавија потоа, беше дека Вилис неочекувано пукал со пиштол (за среќа со „ќорфишек”) на снимање, како и дека глумецот често изгледал збунет, еднаш прашувајќи и – „Зошто сум тука?”

Хју Хефнер засегнат со #MeToo движењето

Основачот на еротското списание „Плејбој” почина во септември 2017 година, еден месец пред движењето #MeToo против сексуална злоупотреба, да го зафати Холивуд. Но и Хефнер дојде „на тапет” оваа година. Документарниот филм „Тајните на Плејбој” го разоткри светот на Хефнер во Плејбој-вилата, а меѓу жртвите се јавија неговите поранешни девојки – Холи Медисон и Бриџит Маркарт, кои тврдеа дека „замокот” бил управуван како секс-култ.

Непредвидливото однесување на Езра Милер

Ѕвездата на „Флеш” предизвика бранувања пролетта годинава со неколку апсења на Хаваи – едно за непристојно однесување и малтретирање, а друго за напад. Месеци подоцна, следеа и два налога за недоближување побарани од родители кои тврдеа дека глумецот несоодветно се однесувал со нивните малолетни деца во одделни настани. Во август, Езра кој се идентификува и како небинарен, беше обвинет за тешка кражба во Вермонт. Сѐ тоа ја натера продукциската куќа „Ворнер брос” да размисли за тоа дали новиот филм „Флеш” со Милер и побара психолошко лекување за „комплексните” проблеми со менталното здравје на глуммецот. Филмот веројатно ќе биде прикажан следнава 2023 година.

Дебаклот на прес-турнејата на „Не грижи се, драга”

Драмата околу новиот режисерски потфат на Оливија Вајлд, настана по нејзината разделба со Џејсон Судеикис, и врската со ѕвездата на филмот –  Хари Стајлс.  По повеќе перипетии, пролетта на Вајлд ѝ беа доставени правни документи од Судеикис, околу старателството, додека таа се претставуваше пред новинарите на „Синемакон”. Потоа, во трејлерот на филмот „Не грижи се, драга” (Don’t Worry Darling) беа прикажани секс-сцените на Стајлс и Флоренс Пју, па вторава изрази разочарување од „маркетингот” за филмот. Сѐ тоа предизвика непријатности и продолжи со озборувањата на интернеткако и јавни „отвоени преписки” меѓу глумците од филмот.

Сѐ тоа се одрази прилично лошо на целиот проект, а филмо денес има оцена 6,2 / 10 на ИМДБ.

Џони Деп ја доби тужбата за клевета против Амбер Хард

оротата одлучи дека глумицата го клеветела нејзиниот поранешен сопруг во авторскиот напис во „Вашингтон пост” од 2018 година. Шестнеделното судење беше, очекувано остро, а и Кејт Мос сведочеше во полза на своето поранешно момче. Обете страни се обвинуваа за физички и емоционални напади. Деп ги доби сите три негови барања за клевета и е награден со повеќе од 10 милиони долари отштета. Иако Хард доби една од нејзините противтужби, пресудата се смета за голема победа за Деп. Откако првично се жалеше на пресудата, таа неочекувано, неколку недели подоцна, откри дека се спогодила со Деп, но оти тоа „не е чин на отстапка” и „нема ограничувања или погазувања” на нејзиниот глас што се движи напред. Деп објави дека ќе ја донира спогодбата од милион долари во добротворни цели.

- Advertisement -
Ad image

Свадбената семејна драма на Бритни Спирс

Оваа година требаше да биде година на „Слободната Бритни”. Но, неколку недели откако доживеа спонтан абортус, во јуни се случи свадбата со Сем Асгари во нејзиниот дом. Но, тој ден, со подготовките во тек, се појави нејзиниот прв сопруг (со кого беше мажена едвај три дена), Џејсон Александар, се натрапил на имотот заради „пренос во живо”, стигнувајќи до нејзината заклучена спална соба. Тој (повторно) е уапсен, но тоа секако фрли дамка на денот на прославата, заедно со одлуката на нејзините синови тинејџери – Престон и Џејден, да не присуствуваат на свеченоста.

Таа, во овој контекст ги спомена и нејзиниот поранешен судски надгледувач татко Џејми и семејството на својот интернет-постор. Нејзините чувства кон нејзиното семејство, се чини, се разгоруваат, па се менуваат, а пејачката навести и мемоари, во коишто можеби навистина ќе го каже своето.

Крислиеви осудени за даночно затајување

Како ѕвезди од реалните шоуа, Тод и Џули Крисли често се во средиштето на вниманието. Но, во јуни оваа 2022 година, тие беа „актуелни” од погрешни причини – беа осудени за банкарска измама и даночно затајување. Казната е 12 и седум години затвор, соодветно.

- Advertisement -
Ad image

Според наводите потоа, некои нови епизоди од нивното шоу, кои биле снимени пред судењето, ќе се емитуваат. Сепак, судбината на емисијата и на другите луѓе вклучени во неа, е нејасна.

Бред Пит и Анџелина Џоли продолжуваат со судските битки

Откако Анџелина во 2016 година поднесе барање за развод, па битката со стараелството над децата, во досието се појавија уште 53 страници во август. Во нив, Џоли тврди дека Пит пијан ја фатил за глава и ја затресол, а потоа ја турнал во ѕидот од бањата во приватниот авион. Нивните деца – Медокс, Пакс, Захара, Шајло, Нокс и Вивиен – сѐ уште се сведоци на валканата семејна драма. Кога ќе се разреши спорот околу старателството, веројатно, ниедно од децата нема да биде малолетно…

Во октомври, Џоли изнесе подробности и за нивната судска битка за заедничката француска винарија „Шато Миравал”, па како „Пит го давел едно од децата и удрил друго во лицето”… Пит го оцени тоа како „целосно невистинити искази секојпат кога таа не успева да го добие она што го сака”.

Адам Левин се извини, „ја преминал линијата” со други жени

Пејачот на „Марун 5″ беше обвинуван дека ја изневерил сопругата Бехати Принсло, додека била бремена со нивното трето дете, со Инстаграм-моделка. Откако таа објави дел од наводните сочните пораки, и други жени се јавија тврдејќи дека Левин и ним им испраќал „непристојни” зaбелешки.

Сопругата застана крај својот сопруг и никогаш јавно не проговоре за скандалот.

Лошото однесување на Џејмс Корден во ресторан

Водителот на „Шоуто на Џејмс Корден” во октомври добил забрана да оди во њујоршкиот ресторан „Балтазар”. Сопственикот Кит Мекнали го нарече шоуменот – „мал кретен од човек” кој лошо се однесувал кон неговите вработени, во два наврата. Корден подоцна ја нарече таа сага – „најнадреален миг”, објаснувајќи дека сопругата негова била алергична на јајца. Во истата негова емисија, тој рече дека се кае за тоа.

Канје Вест не отстапува од антисемитските коментари

Раперот, кој законски го промени своето име во Је, е прилично познат по своите контроверзни јавни настапи. По појавувањето на Модната недела во Париз со блузи со натпис „Животите на белците се важни”, што според многумина е цинична пародија на движењето „Животите на црнците се важни”, Кање продолжи со неколку антисемитски забелешки, тој беше суспендиран на социјалните мрежи, продолжи со говорот на омраза, па неговото приватно училиште во Лос Анџелес – „Академијата Донда” беше затворена…

Натаму, „Адидас” ја прекина соработката со дотогашниот милијардер кој поради тоа изгуби две милијарди долари за еден ден. Но, и покрај сѐ, тој сѐ уште се смета себеси за „неверојатен” во оваа индустрија.

Share This Article