More

    Ова не е само нова зграда, туку монумент на нашата посветеност кон образованието, соопшти Вреди

    spot_img

    Се отвора нова ера во образованието на нашата земја со историската инвестиција од 34,5 милиони евра за изградба на кампусот на Универзитетот „Мајка Тереза“, соопшти коалицијата Вреди.

    „Оваа одлука, силно поддржана од целата Влада, претставува значаен пресврт за нашата младина и за иднината на Албанците . Коалицијата Вреди не зборува празни зборови како нашите претходници кои, со лажење и со крадење каде што можеа, ја оставија нашата младина и без перспектива.

    Овој проект не е само нова зграда – тој е монумент на нашата посветеност кон образованието и кон развојот на идните генерации. Цели генерации сонуваа за ваков едукативен центар кој ќе го збогати не само знаењето, туку и духот на целата нација. Сега, тој сон станува реалност, создавајќи огниште на знаење и на иновации за идните генерации. Оваа инвестиција, иницирана од коалицијата Вреди, е силен доказ за нашата посветеност да обезбедиме најдобри можности за образование и за личен развој на нашата младина.

    Убедени сме дека овој кампус ќе стане главен центар на интелектуален развој и на иновации, создавајќи оптимални услови за научни истражувања и академска подготовка на највисоко ниво. Коалицијата Вреди ќе продолжи со посветена работа за да донесе проекти кои го збогатуваат образованието и ги зајакнуваат темелите на успешна иднина за сите граѓани на Република Северна Македонија. Оваа значајна инвестиција е само еден од чекорите кои ги преземаме кон реализација на оваа голема визија. Преминуваме на дела“, соопшти Вреди.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img