Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синоќа кажа дека тој и поранешниот претседател на Црна Гора и лидер на Демократската партија на социјалистите, Мило Ѓукановиќ, имаат иста опсесија – Србија, со тоа што тој ја сака, а Ѓукановиќ ја мрази.
Вучиќ ја коментираше прославата на Ѓукановиќ во Подгорица по објавувањето на прелиминарните резултати од локалните избори, на која беше испеана песната „Не ни може никој ништо, посилни сме од Србија“.
– Го видов видеото, интересно е. Имаме сè различно во нашите програми, планови, идеи, но заедничка опсесија. Ние сме опседнати со Србија – јас ја сакам, тој ја мрази. И ќе продолжам, тој ќе продолжи да ја мрази тоа, а јас ќе ја сакам уште повеќе и во исто време ќе продолжам да ги почитувам и сакам луѓето во Црна Гора – и Србите и Црногорците и сите други – рече Вучиќ.
Според српскиот претседател, колку и да пеат вакви песни, Србија ќе оди напред.