Ова е во моментот најслушната евровизиска песна на Јутјуб (ВИДЕО)

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Песната „Queen of Kings“ со која Алесандра Меле ќе ја претставува Норвешка, моментално е најслушана на официјалната страница на Јутјуб на Евровизија со над 1,3 милиони прегледи. Песната го зазеде и третото место на обложувалницата, а пред неа се само Украина и Шведска.

Дваесет годишната норвешка претставничка не престанува да привлекува внимание и е еден од главните фаворити на овогодинешното натпреварување. Италијанско-норвешката пејачка ја освои норвешкиот Избор за песна за Евровизија, „Мелоди Гран при“, а нејзината песна стана хит на глобалната топ листа на Спотифај и на ТикТок.

Музичарката Алесандра Меле поголемиот дел од животот го поминала во Италија, но по завршувањето на средното училиште решила да живее во Норвешка. Во моментов го посетува музичкото училиште ЛИМПИ и живее во Лилехамер. На својот прв натпревар учествувала како шестгодишно девојче со хитот на АББА..

Инаку, интересно е што Норвешка досега беше најнеуспешната земја во историјата на натпреварувањето. Последен пат Норвежаните беа во 1963, 1969, 1974, 1976, 1978, 1981, 1990, 1997, 2001, 2004 година и во големото финале во 2012 година. Сепак, и три пати победија: во 1985, 1995 и 2009 година.

Share This Article