Ова е вистинската причина зошто луѓето почнуваат да се дебелеат околу половината

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Според најновите истражувања, на средовечните луѓе им е потешко да го губат салото од стомакот, и мажите и жените. Дури и оние кои биле слаби во младоста можат драстично да се зголемат во средната возраст.

Експертот за слабеење д-р Неерав Падлија тврди дека и тогаш килограмите лесно се контролираат. Треба само да разберете што предизвикува зголемување на телесната тежина и да се прилагодите на тоа.

Како што влегувате во триесеттите, нивото на хормоните во вашето тело опаѓа. Ова е причината поради која метаболизмот почнува да работи побавно, а колку побавно работи, толку повеќе масти се добиваат. Имено, тогаш се согорува помалку енергија, а повеќе масти се складираат во телото, пишува krstarica.com.

Истражувачите откриле дека за просечен маж и жена, на возраст од 35 до 55 години, тоа значи дополнителни 450 до 900 грама секоја година.

Високото ниво на тестостерон е одговорно за одржување на слаб и мускулест изглед.

Исто така, помага за градење мускули, го забрзува метаболизмот и го намалува ризикот од дијабетес.

„Но, по 30-тата година, нивото на тестостерон природно почнува да се намалува за околу еден процент годишно“, објаснува д-р Падлија.

Ова, пак, го поттикнува телото да складира маснотии, особено во пределот на стомакот, што не е само естетски туку и здравствен проблем, бидејќи го зголемува ризикот од срцеви заболувања и дијабетес.

Телото на жената има деликатна рамнотежа на прогестерон и естроген за време на плодниот период од животот. Познато е дека повисокото ниво на естроген го зголемува формирањето на масно ткиво. Кај помладите жени, нивото на двата хормони е еднакво. Но, од 35-та година се намалува нивото на двата хормони, што на крајот доведува до менопауза.

- Advertisement -
Ad image

„Сепак, нивото на прогестерон се намалува побрзо, што предизвикува формирање на масни наслаги околу половината“, додава овој експерт.

Падот на нивото на хормоните доведува до намалување на мускулната маса и кај мажите и кај жените. И, бидејќи мускулното ткиво е еден од главните потрошувачи на гликоза во телото, потешко е да се изгуби вишокот калории, што доведува до таложење на наслаги на стомакот.

Share This Article