More

    Ова е трета личност во историјата со богатство од повеќе од 200 милијарди долари

    spot_img

    Богатството на Бернар Арно, најбогатиот човек на светот и француски моден магнат, за прв пат надмина 200 милијарди долари, откако акциите во неговата француска империја за луксузни стоки LVMH достигнаа рекордно високо ниво.

    Овој 74-годишник стана само трета личност во историјата, по Илон Маск и Џеф Безос, кој досега стекнал толкаво богатство. Се проценува на повеќе од 200 милијарди долари, пишува Гардијан.

    Маск и Безос веќе го достигнаа тој магичен број, пред нивното богатство да се намали поради падот на цените на технолошките акции.

    Богатството на Арно се зголеми за 2,4 милијарди долари во вторникот и сега изнесува 201 милијарда долари, според индексот на милијардери на Бумберг, кој се ажурира секојдневно.

    Оваа година неговото богатство се зголеми за 39 милијарди долари бидејќи акциите на LVMH пораснаа за 30 отсто, благодарение на зголемената побарувачка на богатите за луксузни стоки.

    Францускиот милијардер е 25 милијарди долари побогат од Маск, чие богатство е намалено со купувањето на Твитер за 44 милијарди долари и падот на вредноста на компанијата за електрични автомобили Тесла за 50 отсто во изминатата година. Маск е ко-основач, извршен директор на Tesla и поседува 13 отсто од акциите.

    Безос е првиот човек чие богатство достигна граница од 200 милијарди долари во август 2020 година и е трет најбогат човек во светот со имот од 128 милијарди долари.

    Арно е претседател и главен извршен директор на LVMH, кој ги поседува брендовите Луј Витон, Кристијан Диор и Моет и Шандон. Нејзините акции скокнаа за повеќе од 150 отсто во изминатите три години, достигнувајќи ново највисоко ниво од 853 евра во средата наутро.

    LVMH минатата година оствари рекордна продажба од 79,2 милијарди евра и започна програма за откуп на акции вредна 1,5 милијарди евра, што придонесе за дополнително зголемување на цената на акцијата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img