Српската фолк ѕвезда Драгана Мирковиќ ја има сестрата Душица, која покрај нејзиниот наследник, синот Марко, ѝ е најголема поддршка.
Душица Крумов ретко се појавува во јавноста, а нејзините фотографии откриваат дека многу личи на својата позната сестра. Душица може да се пофали со убавина, а е многу приврзана за Драгана, иако живеат стотици километри оддалечени една од друга.
Инаку, Душица е вработена во телевизијата на Драгана „ДМ“, каде ѝ се доверени сите работи кога пејачката не е присутна.
Душица не сака да се експонира, па само во ретки прилики можеме да ја видиме на социјалните мрежи или во јавност со својата позната сестра.
Драгана и Душица неверојатно личат и имаат иста насмевка. Иако живеат во две различни земји, тие се многу блиски, одржуваат контакт секој ден и се посетуваат секогаш кога тоа им го дозволуваат обврските.
Во една од ретките изјави за медиумите, таа рекла дека е горда на успехот на својата сестра, како и дека Драгана се истакнувала на училиште со вредното учење, талентот и љубовта кон фолклорот.