More

    Ова е прекарот со кој кралот Чарлс Трети ја нарекува Меган Маркл

    spot_img

    Кралската експертска Кејти Никол, во својата книга „The New Royals“ го откри специјалниот прекар со кој кралот Чарлс Трети ја нарекувал Меган Маркл. Според наводите на Никол, новиот британски монарх на својата снаа ѝ го дал прекарот „Tungsten“ поради нејзината цврстина и отпорност.

    Tungsten или волфрам е хемиски елемент со симбол W и атомски број 74. Тоа е тврд, сјаен сребрено-бел метал кој има исклучително висока густина, речиси еднаква на златото. Името tungsten доаѓа од шведските зборови „tung sten“, кои во превод значат „тежок камен“.

    Никол објаснува дека споменатиот прекар веројатно настанал кога Маркл покажала „цврстина“ за време на нејзината и средбата на Хари со принцот Вилијам и Кејт Мидлтон на Форумот на Кралската фондација во 2018 година.

    И додека Чарлс го користел овој прекар додека војводата и војвотката од Сасекс сè уште живееле во кралската палата, не е познато дали тој сè уште го користи денес кога односите меѓу нив се заладени.

    Многумина мислеа дека смртта на кралицата Елизабета барем малку ќе ги подобри нивните односи бидејќи сега по сила на околности ќе треба повеќе да соработуваат, но тоа не се случи. Принцот Хари и Меган брзо се вратија во Калифорнија по погребот на кралицата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img