Ова е најстариот ресторан во светот!

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Ресторанот „Ботин” во Мадрид, Шпанија, е основан 1725 година, па и Гинисовата книга на рекорди го призна како најстар ресторан во светот којшто сѐ уште работи. А, една од најуникатните одлики на оваа гостилница е печката, којашто работи постојано, веќе 298 години.

– Тоа е нашиот скапоцен камен… На нашата круна! – рече заменик-управителот, Луис Хавиер Санчез, кој работи во ресторанот повеќе од 45 години.

– Никогаш не ја исклучуваме. Таа мора да биде жешка навечер и подготвена за печење наутро. Затоа никогаш не смееме да ја исклучиме. Внатре има посебна арома, навистина е неверојатно!

Подеднакво е неверојатно колку ресторанот е посветен на одржување на храната што ја служи.

Санчез ја опишува и винската визба како „историја која дише”… Но, храната е она што мора „да го има вкусот на историјата”, при што секој готвач учи од својот претходник, а потоа рецептите ги пренесува на следната генерација.

– Нашите рецепти се многу стари, од кога нашите прадедовци го основаа ресторанот. И, оттогаш останавме верни на тие рецепти – додаде тој.

Сепак, ресторанот „Ботин” не е „целосно заглавен” во минатото – има и своја интернет-страница, како и сите потребни профили на социјалните мрежи.

Share This Article