Ова е две децении помладиот партнер на Марина Абрамовиќ со кој се појави на доделувањето на наградите „Жена на годината“ во Лондон.
Марина Абрамовиќ во ноември полни 77 години, а веќе седум години е во врска со маж кој е 21 година помлад од неа.
Најпознатата светска изведувачка и концептуална уметница од Србија со децении живее во Њујорк.
Марина Абрамовиќ од 2016 година е вљубена во американскиот продуцент и бизнисмен Тод Екерт, со кој во 2019 година престојуваше во Броград.
Уметницата еднаш зборуваше за својот приватен живот.
„Немав деца, нормален семеен живот. Јас сум номад, секоја недела сум на различен меридијан. Кој би можел да издржи? Постои еден човек, се гледаме по хотели. Еве го, наскоро заминува за Њујорк, а јас останувам овде. Неговото име е Тод“, рекла своевремено Марина Абрамовиќ, пренесува „Хелоу“.
Тод е 21 година помлад од неа, но тоа никогаш не било пречка за нивната хармонична врска.
Да потсетиме, Марина Абрамовиќ зад себе има два брака и двата траеја по четири години. Во 1970-тите се омажи за српскиот концептуален уметник Неша Париповиќ, а во 2005 година се омажи за Италијанецот Паоло Каневари, кој беше 17 години помлад од неа.