More

    ОТВОРЕНА КАНЦЕЛАРИЈА НА СОВЕТОТ НА ПОТРОШУВАЧИ НА ОПШТИНА ОХРИД

    spot_img

    Денес на прес конференција беше претставена работата на новата канцеларија на Советот на потрошувачи на Општина Охрид. Претседателот на оваа организација, Вангел Спироски, зборувајќи за работата на новата канцеларија во рамките на Општина Охрид истакна:

     Во рамките на локалната самоуправа, Советот за заштита на потрошувачите на ниво на единиците на локалната самоуправа согласно ЗЗП се конституира како постојано работно тело на советот на општината. Советот за заштита на потрошувачите предлага локални двегодишни програми за заштита на потрошувачите во согласност со Програмата за заштита на потрошувачите на Владата, која ја усвојува советот на општината,

    Комплексноста на правната рамка е една од причините за донесување на Програма за заштита на потрошувачите на општина Охрид, заради едукација, информирање и советување на потрошувачите жени и мажи  за нивните права како потрошувачи, вклуќувајќи ја и енергетската ефикасност и одржливата потрошувачка. Согласно програмата се очекува активно учество на Општина Охрид во подобрување на состојбите со потрошувачките права и практики  на нејзината територија – подеднакво за сите граѓани, земајќи ги в предвид нивните различности по основа на пол, род, попреченост и други различности кои ги поседуваат.                                                                

    Основна цел на Програмата за заштита на потрошувачите со вграден аспект на одржлива потрошувачка и родов аспект,  е фокусирана на  едукација на јавноста за заштитата на потрошувачите и подобрување на состојбите со потрошувачките права и практики во Општина Охрид во наредниот двегодишен период, согласно со двегодишните програми за заштита на потрошувачите на Република Северна Македонија, која на предлог на Министерството за економија ја усвојува Владата на РСМ.

    Во името на Оштина Охрид зборуваше советникот Перчо Божиноски, кој во оваа прилика подвлече:

     Во рамките на активностите предвидени со програмата за 2022-2023 година, Општина Охрид за прв пат ќе овозможи заштита на потрошувачите преку директен контакт со нив овозможувајќи бесплатни советувања на потрошувачите два пати неделно во периодот од 10 до 14 часот. Со ова се подигнува степенот на едукација на граѓаните како потрошувачи во Охрид и им се овозможува подобра информираност како да ги заштитат правата како потрошувачи. Исто така оваа програма предвидува и информативни и едукативни трибини за правата на потрошувачите во општина Охрид, како за возрасните така и за децата.  Предвидени се активности за едукација на децата како потрошувачи со  цел да им се овозможи пристап до информации и советување, да ги препознаат основните стандарди за безбедност на производите и нечесните практики на пазарот.

    Зајакнувањето на позицијата на потрошувачите и ефикасната заштита на нивната сигурност и нивните економски интереси, дигитализацијата, енергетската ефикасност, климатските промени, активностите за рамноправна  застапеност и подобрување на положбата на потрошувачите жени и мажи и одржливата потрошувачка претставуваат клучна цел во програмата за заштита на потрошувачите на Општина Охрид.

    Канцеларијата ќе биде отворена за граѓаните во деновите Вторник и Четврток во периодот од 10-14 часот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img