More

    Отворен Кабинет на МВР Спасовски на 29 септември во ОВР Крива Паланка

    spot_img

    Проектот ОТВОРЕН КАБИНЕТ на Министерството за внатрешни работи, во рамки на утврдениот концепт „МВР за ГРАЃАНИТЕ“, кој веќе го реализиравме во СВР Штип, во ОВР Струга, ОВР Кавадарци, потоа во СВР Тетово и СВР Битола, продолжува со предвидената динамика и во наредниот период.

    Ако имате прашање за министерот, идеја која сметате дека ќе ја подобри безбедноста, предлог за подобрување на севкупното работење на полицијата – а притоа досега не сте имале можност да ја презентирате во неговиот Кабинет во Министерството за внатрешни работи, Кабинетот на министерот Спасовски на еден ден ќе дојде кај вас – во Секторот за внатрешни работи кој го покрива подрачјето каде што живеете.

    Ви најавуваме дека Отворениот кабинет на министерот Спасовски продолжува на 29 септември, во просториите на ОВР Крива Паланка. Ги очекуваме граѓаните од ова подрачје во текот на оваа недела, телефонски на бројот 072 33 31 85 или електронски на MVRJAVNOST@moi.gov.mk, да си закажат термин за средба со министерот, а неговиот тим ќе ве пречека и ќе ви овозможи и вашето мислење да добие на значење, да бидете дел од процесот на креирање политики во врска со безбедноста која нѐ засега сите нас.
    Да докажеме уште еднаш дека полицијата е во служба на граѓаните и мислењето на секој граѓанин ни значи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img