More

    Отцепената Јужна Осетија на 17 јули ќе одржи референдум за присоединување кон Русија

    spot_img

    Отцепениот грузиски регион Јужна Осетија на 17 јули ќе одржи референдум за припојување кон Русија.

    „Анатолиј Бибилов, лидерот на отцепениот регион, потпиша указ за одржување референдум во Република Јужна Осетија“, се вели во соопштението на прес-службата на Бибилов.

    Во соопштението се наведуваат „историските аспирации“ на неговиот народ да се приклучат кон Русија.

    Приклучување кон Русија побараа и сепаратистичките региони на Украина, Доњецк и Луганск.

    Грузија ја осуди руската воена инвазија на Украина. Земјата ги нарече „неприфатливи“ плановите на Јужна Осетија за одржување референдум за приклучување кон Русија.

    Москва ги призна независноста на Јужна Осетија и на крајбрежните региони на Абхазија, по кратката војна со Грузија во 2008 година, им обезбеди дарежлива финансиска помош, на жителите им понуди руско државјанство и ги распореди своите војници.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img