Новиот лидер на отцепениот грузиски регион Јужна Осетија денеска информираше дека треба да се почека на сигнал од Москва, пред да се организира референдумот за придружување кон Русија.
Москва ги призна независноста на Јужна Осетија и на крајбрежните региони на Абхазија, по кратката војна со Грузија во 2008 година, им обезбеди дарежлива финансиска помош, на жителите им понуди руско државјанство и ги распореди своите војници во зоната на конфликтот.
Алан Глагоев, кој го победи претседателот на заминување, Анатолиј Бибилов, на изборите одржани за викендот, за ТАСС изјави дека Русија треба да даде зелено светло за да има референдум за придружување.
– Ова не едностран процес. Мораме да го разбериме нашиот стратешки партнер (Русија). Штом добиеме сигнал, штом ќе биде јасно дека дошол часот, ние сигурно ќе имаме референдум – тврди Глагоев.
Односот на Москва кон Јужна Осетија и Абхазија постави преседан за најновите настани во Украина. Претседателот Владимир Путин на 21 февруари ги призна украинските Донецк и Луганск како независни и три дена подоцна, изврши инвазија, под изговор за заштита на руските жители од „геноцид“, како што тврди, што го спроведуваат украинските сили.
Грузија соопшти дека планови за било какви референдуми, се неприфатливи. Потези на Јужна Осетија во насока на придружување на Русија, сигурно би предизвикале силна осуда од Западот, коментираат медиуми.