Сообраќајот на патниот правец Скопје-Велес после тунелот Катланово, поточно кај месноста викана Ветерско, од 6:20 часот утрово е целосно нормализиран за сообраќај за сите категории возила, откако беше отстранет големиот одрон на камења, информира Центарот за управување со кризи.
Поголем одрон на патот Скопје – Велес доцна синоќа го блокираше сообраќајот на оваа делница. Маса од камења и карпи паднаа на патната линија на потегот од Катланово кон Велес кај месноста Ветерско близу до патарината Сопот. Во текот на целата ноќ Екипи на ЈП Македонија пат од Скопје и Велес работеа на расчистување на теренот.
Многу возачи кои наидоа на одронот побара алтернативни начини да го продолжат патувањето, па се упатуваа преку околниот шумски пат преку селото Ветерница, кој е во лоша состојба.