More

    Откриено колку пејачката заработува од „Ѕвездите на Гранд“

    spot_img

    Српската пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ на снимањето на музичкото натпреваручко шоу „Ѕвездите на Гранд“ пристигнала во нова бесна машина вредна околу 175.000 евра.

    Како и секогаш, Цеца на Кошутњак ја донел возач, но овој пат наместо со бел џип БМВ, таа пристигнала во вистински „ѕвер“ на четири тркала.

    Цеца се почестила со БМВ од најновата генерација чија вредност со сериозно добра опрема е точно 175.631 евро.

    Цеца пристигнала видно расположена во беж панталони и светкава блуза, а на својата комбинација додала дискретни парчиња накит, со што го комплетирала својот стајлинг.

    На прашањето на новинарите колку е задоволна од новите песни на ќерката Анастасија Ражнатовиќ и нејзиното големо враќање на сцената, Цеца одговарила:

    – Пресреќна сум, мило ми е – рекла пејачката.

    Светлана Цеца Ражнатовиќ е во жирито на „Ѕвездите на Гранд“ од 2021 година, каде што ја замени колешката Јелена Карлеуша.

    Како што своевремено објавија српските медиуми, Цеца сигурно ќе има ангажман до јуни 2027 година, кога ѝ истекува договорот со „Гранд продукција“.

    Пред почетокот на оваа сезона беше објавено дека Ражнатовиќ досега имала хонорар од 600.000 евра, односно 200.000 евра по сезона. Од септември, како што напишаа, Светлана Ражнатовиќ има значително повисок хонорар.

    – Во првиот договор една од клаузулите беше дека на Цеца, доколку се надминат очекувањата, хонорарот во следниот договор ќе биде за 30 отсто поголем. Тоа значи дека Цеца повеќе нема да добива 200.000 евра по сезона, туку 260.000 евра. Тоа понатаму значи дека за три сезони нема да земе 600.000, туку 780.000 евра – открил добро информиран извор за српските медиуми.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img