Мистериозната девојка од ложата на Новак Ѓоковиќ, се најде во центарот на вниманието на јавноста. Многумина се прашуваа која е девојката што седи заедно со семејството и со тимот на српскиот тенисер за време на неговиот настап на гран слем турнирот на Вимблдон.
Љубопитноста на фановите и на јавноста, набрзо е задоволена. Имено, откриено е дека се работи за дадилка која е задолжена да се грижи за децата на семејството Ѓоковиќ, Стефан и Тара.
Извори блиски до семејството, за српските медиуми истакнуваат дека нејзината улога е многу важна за Новак и Јелена и дека тие многу внимателно бирале кој ќе се грижи за нивните деца.
На крајот, по неколку недели потрага дошле до идеалното решение. Девојката која ја вработиле како дадилка има исклучително добри препораки и карактеристики за педагошко-методолошка работа со деца и зборува неколку странски јазици.
Дадилката претставува влез во интимноста на семејството, па Новак и Јелена не сакале ништо да препуштат на случајноста. Поради ова, оваа млада девојка била обврзана да потпише договор за доверливост со семејството Ѓоковиќ, за интимноста и деталите од приватниот живот на славниот тенисер и неговото семејство да останат заштитени од јавноста, пренесуваат српските медиуми.
Младата дама ги исполнила сите нивни очекувања. Таа ја почитува нивната улога како родители и ја споделува филозофијата на Новак и Јелена во воспитувањето на децата.
Децата ја обожаваат, а таа брзо се приспособила на сите барања за грижата за најмалите во семејството Ѓоковиќ.
Работата која ја добила е исклучително добро платена, особено што многу време поминува на патувања, поконкретно на турнири на кои настапува Новак Ѓоковиќ, а на кои редовно го придружува и неговото семејство.